unemployment

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Поттикнување социјална кохезија преку борбата со невработеноста
unemployment
human_rights

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Унапредување на заштитата на Човековите права
human_rights
children_wellbeing

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Унапредување на благосостојбата на децата и борба против врсничкото насилство
children_wellbeing
active_ageing

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Практикување на активно и здраво стареење
active_ageing
mental_health

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Поддршка на лицата со физичка и ментална попреченост
mental_health
women_empowerment

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Борба против родова дискриминација и поддршка на унапредување на позицијата на жените
women_empowerment
migrants_refugees

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Олеснување на прифаќањето на мигранти и бегалци од страна на заедниците -приматели
migrants_refugees
civil_society

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Подобрување на улогата на граѓанското општество и граѓанските организации
civil_society
social_protection

ОБЛАСТИ НА РАБОТЕЊЕ

Промовирање на современи системи за социјална заштита и социјални услуги
social_protection
previous arrow
next arrow

НОВОСТИ

  • Семинари на тема „Методи за поттикнување нови вработувања„

    Семинари на тема „Методи за поттикнување нови вработувања„ Во рамките на проектот „Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд“, во текот на месец јули 2017 се одржаа три еднодневни семинари на кои присуствуваа повеќе од 90 претставници на јавни институции, граѓански организации, работодавачи Повеќе
  • Завршна конференција „Нови мерки за нови вработувања“

    Завршна конференција „Нови мерки за нови вработувања“ Конференцијата „Нови мерки за нови вработувања“ се организираше во рамки на проектот „Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд“, финансиран од Европската Унија. Благица Петрески од Finance Think и Џорџ Алексопулус од КМОП ги презентираа Повеќе
  • Тренинг работилница

    Тренинг работилница Тренинг работилница се одржа на 12.03.2018 година (понеделник) во Скопје во рамките на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“, финансиран од Европската Унија. На обуката учествуваа претставници од сите Повеќе
  • Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден!

    Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден! Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден, со оглед на тоа дека помина една година од официјалната регистрација! Повеќе
  • Нов проект: „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“

    Нов проект: „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“ КМОП неодамна доби нов проект финансиран од ЕУ во Македонија, насловен „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“. Овој тригодишен проект ќе биде имплементиран во соработка со Ромскиот Ресурсен Центар (МК). Повеќе
  • 1

Тековни Проекти

Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд

Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд

Општата цел на проектот е да се зголеми активноста на лицата кај кои постои ризик од социјално исклучување од пазарот Повеќе
Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите

Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите

Овој проект е дизајниран да го поттикне процесот на градење посилно граѓанско општество за подобра заштита на правата на децата, Повеќе
УРБАН – Вклучување на младите преку активности за урбано градинарство

УРБАН – Вклучување на младите преку активности за урбано градинарство

Предизвик Урбаните градини во заедницата се градини кои функционираат преку заедничка и доброволна посветеност, нудејќи простор каде што може да Повеќе
Платформа за рана детекција и превенција од предвремено напуштање на образовниот сиcтем од страна на младите

Платформа за рана детекција и превенција од предвремено напуштање на образовниот сиcтем од страна на младите

Предизвик Предвременото напуштање на образованието (осипувањето) е постојан предизвик на многу земји-членки на ЕУ и покрај значајните достигнувања што се Повеќе
  • 1

Поддршка на лицата со физичка и ментална попреченост

Лицата со ментална и интелектуална попреченост, како и лицата со телесна попреченост, континуирано се соочуваат со значајни пречки во остварувањето на нивните основни права, кои негативно се одразуваат на нивниот севкупен квалитет на живот и нивната позиција во општеството. Постојните предизвици за оваа група се мултидимензионални и за нивното надминување е неопходен кохерентен и одржлив пристап, како и проактивен ангажман од страна на сите релевантни општествени чинители.

Поддршката на лицата со проблеми со менталното здравје, како и на лицата со ментална и интелектуална попреченост во Македонија се обезбедува речиси исклучиво во рамките на јавниот здравствен систем. Поради недостатокот на диверзификација на давателите на услуги, улогата на приватните даватели на услуги и невладините организации кои работат во оваа област е исклучително ограничена. Постоечките програми за унапредување на менталното здравје не се ниту доволни, ниту сеопфатни. Установите за ментално здравје кои се наменети за деца и млади се се уште недоволно развиени. Покрај тоа, постои недостаток на стручен кадар специјализиран за проблеми со менталното здравје кај децата (психијатри, психолози и социјални работници за деца и адолесценти), иако постои посебна медицинска специјализација во областа на детска и адолесцентна психијатрија.

Лицата со проблеми поврзани со менталното здравје и физичка попреченост вообичаено се соочуваат со исклученост од пазарот на трудот и севкупниот социјален живот. Стигмата кон оваа група претставува сериозна пречка за водење на "нормален" секојдневен живот. Покрај стигматизацијата, голем број други клучни прашања не се соодветно адресирани во постојните закони и подзаконски акти од областа на социјалната заштита, образованието и здравството. Другите пречки се поврзани со недоволните стратешки, организациски и човечки капацитети за подобрување на состојбата на оваа специфична група.

Од друга страна, постојните физички бариери за пристап до станбени згради, улици, јавен превоз и јавни објекти, недостатокот на програми за вклучување на лицата со физичка попреченост на пазарот на трудот и унапредување на нивната севкупна социјална инклузија, остануваат едни од најгорливите прашања за оваа група. Се уште постојат предрасудите и стереотипите во пошироката јавност во однос на лицата со попреченост, кои резултираат со дискриминација на сите општествени нивоа (пазарот на труд, образованието, дури и во семејство). Ова е и една од причините за ниската мотивираност на лицата со попреченост за поактивен ангажман во општеството. Освен тоа, придобивките од деинституционализацијата сè уште не се широко препознаени и во тој поглед не се преземени никакви чекори.


 Врз основа на горенаведеното, помеѓу главните предизвици поврзани со поддршката на лицата со попреченост се вбројуваат:

  • Недостаток на ефективни политики, стратегии и програми за унапредување на социјалната инклузија на лицата со попреченост (физичка, ментална и интелектуална)
  • Ниска мотивација на лицата со попреченост за активен придонес во идентификување и сервисирање на сопствените потреби
  • Недостаток на деинституционализиран пристап кој ќе им помогне на лицата со попреченост да бидат интегрирани во нивните локални заедници
  • Недостиг од диверзифицирани услуги за унапредување на менталното здравје, кои би се засновале на интегриран пристап
  • Недостаток на специјализирани професионалци кои можат да обезбедат интегрирани услуги на лицата со попречност, оспособувајќи ги да живеат во заедницата, а не да бидат сместени во институциите
  • Недостаток на ангажман на општините и институциите на локално ниво во дизајнирањето на соодветни услуги во локалната заедница кои би биле од корист за лицата со попреченост
  • Ниско ниво на сензибилизација на пошироката јавност во однос на правата на лицата со попреченост

КМОП има повеќе од 10 години искуство во нудење поддршка на лицата со попречност, со посебен акцент на поддршка на лицата со ментална попреченост. Всушност, КМОП веќе неколку години раководи со три Домови за нега и Дневен центар во чии рамки се обезбедуваат специјализирани, интегрирани и нестигматизирачки услуги за унапредување на менталното здравје. Истовремено, КМОП спроведува и неколку програми со цел градење на вештините и капацитетите на лицата со попречност и нивно активно вклучување на пазарот на трудот. Следствено, солидното искуство на КМОП во нудење поддршка на лицата со попреченост може да биде исклучително корисно во адресирањето на постоечките предизвици и во Република Македонија.


For more information about our relevant project references, please click here

За повеќе информации во врска со релевантните проекти ве молиме кликнете овде

КМОП Атина (Главно седиште)

ул. Скоуфа бр.75
10680 Атина
Грција
Тел: +30 210 3637547
Факс: +30 210 3639758

 

КМОП Скопје

ул. 1737 бр.24/9, 1ви спрат
1000 Скопје
Македонија
Тел: +389 2 3144 199

КМОП Пираеус

ул. Тзавелла & Матрозоу бр.1
18533 Пираеус
Грција
Тел: +30 211 7201055
Факс: +30 211 7407525

КМОП Солун

ул. Афродитис & Одуссеос бр.3
54629 Солун
Грција
Тел: +30 2310 534322

КМОП Приштина

ул. Густав Мајер бр.7/1
10000 Приштина
Косово
Тел: +381 (0)38 712 683

KMOP Кишинев

ул. Когалничеану бр.75 М
MД 2009Кишинев
Молдавија
Тел: +373 67 224 222

КМОП Брисел

Rue de la Science, 14B
Брисел (Бизнис Центар)
Белгија

 

Изберете јазик