Македонија има најмал процент на граѓански организации (ГО), кои сметаат дека пропишаните финансиски правила и обврски за книговодство и сметководство се јасни и лесни за спроведување. Значително повисок процент на граѓански организации од Македонија ги истакнуваат придобивките од мрежите на граѓанските организации. Недоволната диверзификација на изворите на финансирање и високиот процент на граѓански организации, кои ги наведуваат странските извори (како што се амбасади) како доминантни извори на финансирање, се главните проблеми во доменот на финансирањето на ГО во Македонија. Освен тоа, проблемите со финансирањето се рефлектираат и во високиот процент на организации, кои се прилагодуваат на приоритетите на донаторите и добиваат финансиски средства за други активности, кои не се во согласност со нивниот стратешки план.
Мнозинството граѓански организации во Македонија се запознаени со постојните структури и механизми за дијалог и соработка со локалните (78%) и во нешто поголем обем со централните институции (81%). Во споредба со земјите од Западен Балкан и Турција, во Македонија (покрај Босна и Херцеговина) е најмал процентот на граѓанските организации, кои позитивно ги оценуваат овие механизми и ги сметаат за корисни. Имено, само еден од четворица претставници на ГО во Македонија сметаат дека механизмите за соработка со централните институции (25%) се корисни, а ист процент сметаат дека локалните институции (24%) се корисни. За разлика од тоа, повеќе од половина претставници на ГО имаат негативно мислење за овие механизми. Имено, 56% од претставниците на ГО сметаат дека механизмите за соработка со државните институции постојат само про-форма, додека 54% од претставниците го сметаат истото за механизмите за соработка со локалните институции.
Главните предизвици во однос на развојот на граѓанското општество во земјата се:
- Нееднаквост помеѓу регистрирани и навистина активни организации;
- Недостаток на стратешки пристап и дизајн на сеопфатни акциони планови од страна на ГО;
- Ограничени и изолирани партнерства помеѓу ГО и јавните институции;
- Ограничена финансиска одржливост и диверзификација на средствата;
- Недостаток на менаџмент капацитети за управување и професионален пристап од страна на ГО, вклучувајќи известување и отчетност.
КМОП, дејствувајќи и самата како ГО, има длабоко познавање на потребите на граѓанскиот сектор и активно го поддржува неговиот развој. Оваа поддршка не вклучува само зајакнување на воспоставувањето на "grass-root" организации, туку и дизајнирање и спроведување механизми за под-грантирање за доброто на ГО. Подетално, КМОП спроведе активности насочени кон поддршка на младите за воспоставување на формални или неформални организации како двигатели за активно граѓанство и ангажирање во заедницата, а исто така работи на градење на капацитетите на постојните ГО за да можат истите да креираат, да имаат пристап до фондови и да ги спроведуваат активностите поврзани со нивниот мандат, придружени со пилот механизми за подгрантови. Покрај тоа, стабилното финансиско работење и одржливоста на КМОП исто така е доказ за диверзификација на средствата и организациската одржливост, што претставува голем предизвик и пресвртница за сите ГО.
Треба да се напомене дека КПОМ го поддржува мрежното поврзување помеѓу ГО, помеѓу ГО и централните и локалните институции, како и креирањето на соработка и испорачување аутсорсинг механизми за оваа намена.
For more information about our relevant project references, please click here
За повеќе информации во врска со релевантните проекти ве молиме кликнете овде