Предизвик
Предвременото напуштање на образованието (осипувањето) е постојан предизвик на многу земји-членки на ЕУ и покрај значајните достигнувања што се направени во однос на образовната интеграција на млади луѓе од ранливите категории.
Според базата на податоци што ги објави Еуростат, 10,6% од младите (18-24 години) во ЕУ во 2017 година не го завршиле своето образование во средно училиште од најразлични социјални, економски и семејни причини. Предвременото напуштање на образованието претставува пречка за социјален и економски раст, така што Европа треба да го искористи целосниот човечки капитал и да преземе прелиминарни мерки за да се справи со социјалната исклученост на ранливите групи.
Иновација
APPLE претставува Европска иницијатива за превенција од осипување на младите од образовниот систем. Преку развивање на иновативен прирачник за образовниот кадар, како и онлајн платформа за предвремено детектирање, составена од клучни научни материјали и алатки, APPLE има за цел да ги обезбеди наставниците, професорите, училиштата, образовните организации и надлежните органи со потребните алатки за да ги идентификуваат младите во опасност од напуштање на образованието и превенција од истото.
Акција
Обуки за градење на капацитетите на образовниот кадар
Дизајнирање и организирање семинари за градење на капацитетите прилагодени на потребите на образовниот кадар. Професорите и наставниците ќе имаат можност да се запознаат со иновативни педагошки методи и да споделат искуства со останатите колеги.
Фокус групи со младите кои се во ризик од напуштање на образованието
Проектниот тим ќе организирање на фокус групи со млади кај кои е присутен ризик од предвремено напуштање на образованието, со цел да се обезбедат информации и искуства од прва рака кои ќе бидат основа за креирање на прирачникот за образовниот кадар. Преку овој процес, ќе се детектираат и идентификуваат причините за предвремено напуштање на образованието.
Прирачник за образовниот кадар
Ќе се развие прирачник за образовниот кадар каде ќе бидат вклучени профилите на младите кај кои е присутен ризик од предвремено напуштање на образованието, идентефикуваните причини за осип и како и личните искуства на младите во ризик.
Онлајн платформа за рана детекција
Oваа акција подразбира развивање и пилотирање на онлајн платформа за рано детектирање, наменета за образовниот кадар, училиштата, организациите и институциите, која ќе се состои од клучен научен и педагошки материјал (истражувања, документи, практики и алатки базирани на искуства и факти и др.), како и прирачници, материјали за обука и извештаи кои ќе произлезат од самиот проект. Оваа платформа ќе им овозможување на професорите и наставниците да применуваат иновативни педагошки методи и олеснување на процесот на идентификација на младите кај кои е присутен ризик од напуштање на образованието.
Завршна конференција
Завршна конференција ќе биде организирана во Грција, со цел да се резултатите од проектот да се презентиаат пред релевантните чинители (вклучувајќи образовни институции, училишта, наставници, професори, образовни асоциации, универзитети, креаторите на политики и пошироката јавност).
Финансирано од : Erasmus+
Времетраење: 01/12/2019 - 30/11/2021
Партнери:
KMOP Skopje
Canary Wharf Consulting (Координатор на проектот)
FyG Consultores
Centrul Pentru Promovarea Invatarii Permanente
Aproximar
KMOP – Social and Innovation Centre
Да дознаете повеќе за проектот посeтете ja веб старната www.appleproject.eu