Управниот одбор на проектот “Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ го одржа својот прв состанок на крајот на април 2017 година.
Управниот одбор го сочинуваат претставници номинирани од страна на двете партнерски организации кои го имплементираат проектот, претставници на Министерство за труд и социјална политика и Министерство за образование и наука, кои секојдневно се залагаат за поголема вклученост на Ромите во образованието, како и претставници на граѓанскиот сектор. Додека пак претставник на Делегација на ЕУ во Македонија е вклучен како набљудувач во Управниот одбор. На првиот состанок членовите на Управниот одбор детално беа информирани за проектот, неговите цели, задачи и активности, а исто така им беше презентиран и двегодишниот план за работа.