КМОП неодамна доби нов проект финансиран од ЕУ во Македонија, насловен „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“. Овој тригодишен проект ќе биде имплементиран во соработка со Ромскиот Ресурсен Центар (МК).
Целта на овој проект е да ги поддржи постоечките локални механизми за координација, како и структурите надлежни за промовирање на интеграцијата на децата Роми. Поддршката ќе биде особено насочена кон Локалните координативни тела во унапредување на нивните капацитети за остварување на нивната улога, со цел заштита на децата Роми во согласност со националните и политиките на ЕУ. Проектот, исто така ќе го поддржи и промовира учеството на граѓанското општество, особено ромските граѓански организации во креирањето на политики и имплементација на иницијативи за унапредување на правата на децата Роми, како и промовирање и следење на клучните реформи во областа на заштита на правата на децата Роми на локално ниво. Понатаму, преку проектот ќе биде подигната свеста на локалните заедници и чинители за правата на децата Роми и улогата на граѓанското општество во промовирање на правата на децата Роми, водејќи кон унапредување на локалните процеси на креирање политики и планирање акции, како и зголемено разбирање и учество на целокупната заедница во иницијативи и мерки за заштита на правата на децата Роми.