проекти

Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите

Овој проект е дизајниран да го поттикне процесот на градење посилно граѓанско општество за подобра заштита на правата на децата, особено правото на децата Роми на еднаков пристап до квалитетно образование преку системот на формално образование. Проектните активности се фокусирани во вкупно 9 општини во Република Македонија (Шуто Оризари, Чаир, Топаана, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Тетово и Виница) каде што има поголем број ромско население. 


 Во насока на остварување на наведеното се поставени пет специфични цели:

  1. Јакнење на дијалогот и соработката меѓу власта и локалните организации во полето на инклузија на децата Роми во редовното образование;

  2. Зголемување на постоечка база на знаење за прашања кои се однесуваат на вклучување на Ромите во образованието и во општеството и предлагање напредна политичка рамка со која се олеснуваат идните патишта на ромските деца кон пазарот на трудот преку зголемено учество во редовното образование;

  3. Поттик на имплементацијата на постоечката регулатива за инклузија на Ромите преку градење организациски и човечки капацитети на невладините организации, кои работат со ромското население во 9 општини;

  4. Подобрување на капацитетите на локалните власти за остварување на програми и мерки за инклузија на Ромите;

  5. Зголемување на свеста за улогата на невладините организации во промоција на еднаквиот пристап до образование на Ромите.


Од практичен аспект, проектот ќе ги поддржи граѓанските организации, како и локалните власти во дизајнирање, имплементација и координација на едукативни инклузивни иницијативи за децата Роми и нивните семејства на локално ниво, врз основа на механизми за соработка. Од социјален аспект, широкиот опфат на кампањата за подигување на јавната свест ќе помогне во менувањето на перцепциите на јавноста во насока на препознавање на потребата од недискриминаторски и еднаков пристап на децата Роми до квалитетно образование. 

Досега, спроведено е истражување на постојните состојби, а резултатите од истото се сумирани во рамките на сеопфатен извештај во кој е извршено идентификување на статутсот на ромската заедница во Македонија, особено на децата Роми и нивните семејства, како и предизвиците со кои тие се соочуваат при инклузијата во образованието, постојното законодавство и политиките во оваа област, како и граѓанските организации кои обезбедуваат услуги за поддршка на Роми и/или деца.

Понатаму, беше направено сеопфатно мапирање на граѓанските организации кои работат во оваа област, со фокус на проценката на нивните оперативни, технички капацитети и човечките ресурси со кои тие располагаат.

Во истовреме, беше направена квалитативна анализа на законската рамка и политиките, со што беа утврдени постоечките проблеми/недостатоци, како и беа идентификувани одржливи начини за промовирање на соодветна законодавна рамка и политики за нивно соодветно адресирање.    

Овие аутпути беа презентирани на тркалезната маса која се одржа на 12 јули 2017. Учесниците беа од различни институции, вклучително и претставници од локалните самоуправи и граѓански организации кои ги споделија своите мислења во врска со темата и спроведените истражувања.

Наредниот чекор од проектот влучува дизајнирање и имплементација на шемата за под-грантови за локални граѓански организации, проследено со програма за градење капацитети на организациите кои ќе ги добијат грантовите, како и следење на имлементацијата на проектите.


 Проектни материјали

КМОП Атина (Главно седиште)

ул. Скоуфа бр.75
10680 Атина
Грција
Тел: +30 210 3637547
Факс: +30 210 3639758

 

КМОП Скопје

ул. 1737 бр.24/9, 1ви спрат
1000 Скопје
Македонија
Тел: +389 2 3144 199

КМОП Пираеус

ул. Тзавелла & Матрозоу бр.1
18533 Пираеус
Грција
Тел: +30 211 7201055
Факс: +30 211 7407525

КМОП Солун

ул. Афродитис & Одуссеос бр.3
54629 Солун
Грција
Тел: +30 2310 534322

КМОП Приштина

ул. Густав Мајер бр.7/1
10000 Приштина
Косово
Тел: +381 (0)38 712 683

KMOP Кишинев

ул. Когалничеану бр.75 М
MД 2009Кишинев
Молдавија
Тел: +373 67 224 222

КМОП Брисел

Rue de la Science, 14B
Брисел (Бизнис Центар)
Белгија

 

Изберете јазик