Области на работење

Практикување на активно и здраво стареење

Во однос на старосната структура, населението во Република Македонија континуирано старее. Во 2015 година, учеството на старото население (65 и повеќе години) во вкупното население изнесуваше 12,8%, додека учеството на младото население (0-14) беше 16,7%. Врз основа на ова, Република Македонија ја надминува границата од 12% учество на старото население во вкупното население и влегува во групата земји кои се демографски карактеризирани како земји со популација во стареење.

Во изминатиот период, беа направени значајни напори за проширување на националните институционални и вонинституционални форми на грижа за старите лица. Институционална грижа за стари лица се обезбедува во главно преку сместување на старите лица во специјализирани домови, кои инаку немаат соодветни услови за живеење во семејството или поради други причини им е потребно сместување во установа за социјална заштита. Со цел подобрување на условите за институционална заштита на старите лица, а согласно зголемените потреби од дополнителни сместувачки капацитети, Владата на Република Македонија има донесено пакет мерки за поттикнување на инвестициите во насока на отворање нови домови за стари лица. Како резултат на овие активности, покрај петте јавни установи за сместување на стари лица во Република Македонија, беа востановени поголем број приватни установи.

Сепак, постоечките институционални капацитети во државата не можат да ги задоволат растечките потреби за згрижување на стари лица. Иако во изминатите години постои видно зголемување на иницијативите за изградба на приватни домови за стари лица, поради високата цена на услугите, истите остануваат недостапни за голем број стари лица кои се приматели на минимална пензија. Состојбата на неинституционалните форми на грижа не е на посакуваното ниво, но во оваа област беа преземени бројни мерки кои се очекува да вродат со резултати во блиска иднина. [1]


 Така, главните проблематики кои треба да бидат адресирани со цел промовирање на активното и здраво стареење во Македонија се:

  • недостаток на капацитети за сместување и нега на стари лица
  • несоодветни услови во јавните домови за стари лица
  • недостапноста на приватните домови до пошироката популација, како резултат на високите трошоци за услугите
  • недостаток на програми за активен општествен ангажман на старите лица
  • отсуство на системски решенија за промовирање на независното живеење за стари лица

Eкспертизата на КМОП и досегашното искуство во дизајнирање и спроведување на активностите од бенефит за старите лица можат да придонесат за успешно адресирање на горенаведените критични проблематики. КМОП во соработка со владата, државните институции и граѓанските организации има развиено голем број на програми со кои ги зајакнува капацитетите на старите луѓе за да останат активни, интегрирани и ја јакне нивната отпорност на промени во процесот на стареење. Сеопфатните интервенции, креирани во согласност со специфичните потреби на целната група имаат за цел: да им обезбедат на старите лица пристап до основните здравствени и социјални услуги преку нудење на домашна дневна нега; унапредувување на можностите за нивна социјална инклузија; подобрување на животниот стандард и социјалниот живот преку претствување и обезбедување на иновативни ИКТ кои поттикнуваат активно стареење и самостојно живеење; подигнување на свеста за правата на старите лица; особено на постарите жени кои се поранливи и се соочуваат со поголеми ризици; спречување на дискриминација, злоупотреба и насилство против стари лица.

 

[1]                      https://www.unece.org/fileadmin/DAM/pau/age/country_rpts/2017/MKD_report.pdf


За повеќе информации во врска со релевантните проекти ве молиме кликнете овде

КМОП Атина (Главно седиште)

ул. Скоуфа бр.75
10680 Атина
Грција
Тел: +30 210 3637547
Факс: +30 210 3639758

 

КМОП Скопје

ул. 1737 бр.24/9, 1ви спрат
1000 Скопје
Македонија
Тел: +389 2 3144 199

КМОП Пираеус

ул. Тзавелла & Матрозоу бр.1
18533 Пираеус
Грција
Тел: +30 211 7201055
Факс: +30 211 7407525

КМОП Солун

ул. Афродитис & Одуссеос бр.3
54629 Солун
Грција
Тел: +30 2310 534322

КМОП Приштина

ул. Густав Мајер бр.7/1
10000 Приштина
Косово
Тел: +381 (0)38 712 683

KMOP Кишинев

ул. Когалничеану бр.75 М
MД 2009Кишинев
Молдавија
Тел: +373 67 224 222

КМОП Брисел

Rue de la Science, 14B
Брисел (Бизнис Центар)
Белгија

 

Изберете јазик