Области на работење

Промовирање на современи системи за социјална заштита и социјални услуги

Системот на социјална заштита во Македонија функционира според "Законот за социјална заштита", кој се очекува да претрпи големи промени поради неговата неефикасност, при што диверзификацијата на базата на даватели на социјални услуги е еден од главните приоритети. Имено, целта е да се овозможи покрај јавните институции и други даватели на социјални услуги да испорачуваат услуги, што треба да биде поддржано и од процесот на децентрализација и аутсорсинг (надворешно сервисирање) на социјалните услуги. Вториот клучен проблем е отсуството на стандарди за социјални услуги, што директно се одразува на квалитетот на обезбедените услуги и на ефективноста на целиот систем.

Институцијата која ги проучува општествените појави и ги промовира општествените активности е Заводот за социјални дејности. Заводот за социјални дејности во своја надлежност го има следењето на работата на институциите за социјална заштита, како и други засегнати страни кои вршат одредени активности во социјалната заштита. Во исто време, оваа институција е одговорна за спроведување на процесот на лиценцирање на социјалните работници. Меѓутоа, програмата за градење капацитети што се користи за процесот на лиценцирање се смета за застарена, и не е во согласност со новите предизвици на општествените феномени.

Главните актери на системот за социјална заштита се Центрите за социјална работа (ЦСР), заедно со институциите за нерезидентна и институционална грижа. ЦСР се основани како јавни институции и тие се одговорни за администрирање на парични надоместоци и обезбедување на социјални услуги.

Големи подобрувања во социјалните услуги се очекуваа да се случат во 2004 година, кога требаше да почне децентрализацијата на социјалните услуги. Тогаш, на општините им беше дадена можност да имаат мал обем на обезбедување на услуги кои се очекуваше да доведат до намалување на административниот товар на постојните ЦСР и со тоа да обезбедат поголема персонализирана услуга за секој од корисниците на услугите. Но тоа не се случи. Во моментов, социјалните услуги се базираат на одобрување или одбивање на правото на социјални трансфери/ придобивки а социјалните работници се соочуваат со недостатоци во смисла на ресурси и капацитети за да им помогнат на луѓето на едно понепосредно ниво, со цел да се најде одржлив механизам кој води до подобар живот.


 Главните предизвици во однос на системот на социјална заштита во земјата се:

  • Спроведување на клучни реформи кои ја промовираат децентрализацијата во обезбедувањето на социјални услуги;
  • Базата на потенцијални даватели на социјални услуги треба да се прошири и диверзифицира (недостаток на плурализам во обезбедувањето на услуги);
  • Сегашниот систем нема основни стандарди за квалитет за социјалните услуги;
  • Институтот за социјални работи има потреба од итни реформи;
  • Професионалните програми за процесот на лиценцирање на социјалните работници се застарени;
  • Постои недостаток на специјализирани професионални капацитети на персоналот кој работи во ЦСР;
  • Социјалните работници се соочуваат со тежок обем на административна работа;
  • Иновативните нови модели како што се управување со предмети или социјално менторство не се применувани од социјалните работници.

КMОП работи со национални партнери во ЕУ и земјите во развој на градење на нивните капацитети за имплементирање на иновативни системи за социјална заштита и модернизирање на рамката за обезбедување на социјални услуги. Услугите за техничка помош обезбедени од КМОП се развиваат преку најсовремените примери и одредници, со користење на сите современи трендови, како услуги базирани на заедницата, модели за децентрализација, процеси на де-институционализација, воведување стандарди за квалитет кои имаат крајна цел развој и усвојување на интегрирани системи за социјална заштита, прилагодени на потребите за социјална поддршка и зајакнување во земјата. Според ова гледиште, релевантното искуство на КПОП може дополнително да се искористи за да се придонесе кон соочување со предизвиците во националниот систем на социјална заштита.


За повеќе информации во врска со релевантните проекти ве молиме кликнете овде

КМОП Атина (Главно седиште)

ул. Скоуфа бр.75
10680 Атина
Грција
Тел: +30 210 3637547
Факс: +30 210 3639758

 

КМОП Скопје

ул. 1737 бр.24/9, 1ви спрат
1000 Скопје
Македонија
Тел: +389 2 3144 199

КМОП Пираеус

ул. Тзавелла & Матрозоу бр.1
18533 Пираеус
Грција
Тел: +30 211 7201055
Факс: +30 211 7407525

КМОП Солун

ул. Афродитис & Одуссеос бр.3
54629 Солун
Грција
Тел: +30 2310 534322

КМОП Приштина

ул. Густав Мајер бр.7/1
10000 Приштина
Косово
Тел: +381 (0)38 712 683

KMOP Кишинев

ул. Когалничеану бр.75 М
MД 2009Кишинев
Молдавија
Тел: +373 67 224 222

КМОП Брисел

Rue de la Science, 14B
Брисел (Бизнис Центар)
Белгија

 

Изберете јазик