Целта на Мапата на граѓанскиот сектор, т.н. Проценка на капацитетите на локалните граѓански организации за образовна инклузија на ромската заедница и соработка со другите актери на локално ниво е да обезбеди преглед на граѓанскиот сектор во Македонија кој работи на унапредување на заштита на правата на Ромите, со фокус на правата на децата Роми за пристап до квалитетно образование, како и идентификување на граѓанските организации кои се активни на ова поле во општините каде што се имплементира проектот. Оваа анализа се фокусира на таргетирање на оперативни, технички и човечки ресурси и капацитети на граѓанските организации. Дополнително, се анализира и релацијата на граѓанските организации и другите релевантни чинители.
Ве молиме кликнете овде за да прочитате