Области на работење

Поттикнување социјална кохезија преку борбата со невработеноста

Од 1991 година, Република Македонија поминува низ тежок период на транзиција од планирана во пазарна економија. Овој процес резултираше со високи стапки на невработеност и зголемена стапка на сиромаштија. И покрај значајниот напредок во макроекономската стабилизација и во процесот на приватизација, креирањето на нови работни места беше незначително.

Невработеноста во Македонија е една од најзначајните и најтешките економски, социјални и политички проблеми. Според податоците од Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во Македонија се намалила на 22,9% во првата четвртина од 2017 година од 24,5% споредено со истиот период минатата година. И покрај високата стапка на невработеност која постои во целата држава, има значителни разлики по региони. Најниска стапка на невработеност е видлива во јужните и-источните региони, каде што главно има земјоделски и туристички дејности, додека во регионите со концентрирано индустриско производство има висок процент на невработеност. Загрижувачки е фактот што има висок процент на невработеност помеѓу младата популација од 15-24 години - 44,4% во првата половина на 2017 година. Нема голема разлика помеѓу невработеноста кај мажите (23,2%) и жените (22,5%).


 Врз основа на ова, главните предизвици – критични поблеми кои треба да се решат се следниве:

  • Висока стапка на невработеност на младата популација (44%до 24 годишна возраст)
  • Повисока невработеност на маргинализираните групи
  • Неефикасни активни мерки на пазарот на труд
  • Недостаток на меки вештини
  • Недостаток на претприемачки вештини
  • Висока стапка на долгорочно невработени лица
  • Недостаток на програми за подобрување на вештините за работа

Во однос на овие предизвици, КМОП може да пренесе богато искуство во креирање и имплементирање на активни мерки за вработување, вклучувајќи: проценка на работната сила за да се осигура дека невработените се обучени со потребните вештини кои ги задоволуваат барањата на пазарот; градење на основни и технички вештини; стручно образование и обука; советување и градење на животни вештини; услуги за поддршка на бизниси и промоција на социјална економија и претприемништво. Искуството и експертизата на КМОП е поспецифична кога станува збор за специјално креирани/прилагодени програми насочени кон промовирање на (ре)интеграција на социјално ранливите групи на пазарот на труд, не само во Грција туку и во странство.


За повеќе информации во врска со релевантните проекти ве молиме кликнете овде

КМОП Атина (Главно седиште)

ул. Скоуфа бр.75
10680 Атина
Грција
Тел: +30 210 3637547
Факс: +30 210 3639758

 

КМОП Скопје

ул. 1737 бр.24/9, 1ви спрат
1000 Скопје
Македонија
Тел: +389 2 3144 199

КМОП Пираеус

ул. Тзавелла & Матрозоу бр.1
18533 Пираеус
Грција
Тел: +30 211 7201055
Факс: +30 211 7407525

КМОП Солун

ул. Афродитис & Одуссеос бр.3
54629 Солун
Грција
Тел: +30 2310 534322

КМОП Приштина

ул. Густав Мајер бр.7/1
10000 Приштина
Косово
Тел: +381 (0)38 712 683

KMOP Кишинев

ул. Когалничеану бр.75 М
MД 2009Кишинев
Молдавија
Тел: +373 67 224 222

КМОП Брисел

Rue de la Science, 14B
Брисел (Бизнис Центар)
Белгија

 

Изберете јазик