Области на работење

Олеснување на прифаќањето на мигранти и бегалци од страна на заедниците -приматели

Почнувајќи од 2015 година, балканските земји, заедно со Грција и Македонија кои беа практично и фронтална линија, станаа најчесто користен пат за невиден прилив на нерегионални мигранти и бегалци од Блискиот Исток и Африка, ризикувајќи ги притоа нивните животи на патот до западноевропските земји. Сиријците кои бегаа од граѓанската војна која е во тек во нивната земја, а Авганистанците кои сакаа да избегаат од војната со талибанските бунтовници ги сочинуваа првата и втората по големина група на мигранти. Влошената безбедност и неподносливата сиромаштија во Ирак, Иран, Нигерија, Пакистан, Сомалија, Еритреја и Мароко исто така придонесоа за приливот на мигранти.

Имајќи предвид дека Македонија служи само како транзит, а не како земја -дестинација за повеќето бегалци кои бегаат од Блискиот Исток и Африка, во повеќето случаи бегалците ја напуштаа земјата во законски утврдениот период од 72 часа. Сепак, поради разни причини одреден број на бегалци престојуваат во транзитните центри подолго време, до неколку месеци, а во некои случаи и до една година.

Земјата донесе бројни мерки за да осигура безбеден транзит на мигрантите и бегалците, вклучувајќи и измени на Законот за азил и привремена заштита, организирање на превоз, вклучување на македонската армија, формирање на привремени кампови на јужната и северната граница, итн.


 Сегашните главни предизвици поврзани со мигрантите и бегалците вклучуваат:

  • континуирано обезбедување хуманитарна помош и услуги за прв одговор;
  • недостаток на стратегии за справување со социјалната исклученост и стереотипи кон мигрантите и бегалците;
  • градење на капацитетите на професионалците кои работат со мигрантите и бегалците, како и градење на институционален капацитет;
  • подобрување на постојниот механизам за упатување и промовирање на меѓу-агенциска соработка;
  • креирање и имплементација на акциони планови за интеграција на мигранти и бегалци во заедниците-домаќини.

КМOП активно се ангажира во развој на алатки кои го олеснуваат прифаќањето на мигрантите и бегалците од страна на заедниците примачи. Нашите напори и иницијативи доаѓаат во текот на фазата на асимилација на мигрантите во заедницата, откако ќе бидат обезбедени нивните основни потреби. Оваа втора фаза е од огромно значење, бидејќи мигрантот / бегалецот треба да биде во состојба да живее самостојно и да ги покрие сопствените потреби, исклучен од било каков прв одговор или хуманитарна поддршка што се обезбедувала дотогаш. За таа цел, ние ги користиме алтернативнитe двигатели за вклученост, како што се: промоција на пазарот на труд преку градење на основни вештини и компетенции, како и запознавање на целните групи со специфичностите на земјата; зајакнување на граѓанството и развивање на модели за граѓанско учество во заедниците приматели; олеснување на меѓукултурните и меѓурелигиските разлики и олеснување на појавите на расизам и ксенофобија; поттикнување на толеранција и дијалог меѓу заедниците, следејќи го пристапот на човековите права и почитувањето на различноста.


For more information about our relevant project references, please click here

За повеќе информации во врска со релевантните проекти ве молиме кликнете овде

КМОП Атина (Главно седиште)

ул. Скоуфа бр.75
10680 Атина
Грција
Тел: +30 210 3637547
Факс: +30 210 3639758

 

КМОП Скопје

ул. 1737 бр.24/9, 1ви спрат
1000 Скопје
Македонија
Тел: +389 2 3144 199

КМОП Пираеус

ул. Тзавелла & Матрозоу бр.1
18533 Пираеус
Грција
Тел: +30 211 7201055
Факс: +30 211 7407525

КМОП Солун

ул. Афродитис & Одуссеос бр.3
54629 Солун
Грција
Тел: +30 2310 534322

КМОП Приштина

ул. Густав Мајер бр.7/1
10000 Приштина
Косово
Тел: +381 (0)38 712 683

KMOP Кишинев

ул. Когалничеану бр.75 М
MД 2009Кишинев
Молдавија
Тел: +373 67 224 222

КМОП Брисел

Rue de la Science, 14B
Брисел (Бизнис Центар)
Белгија

 

Изберете јазик