Во рамките на истражувачката фаза на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ беа спроведени три фокус групи во Виница (24.03.2017), Куманово (03.04.2017) и Скопје (23.03.2017).
Целта на фокус групите беше да се утврдат клучните проблеми поврзани со образовната инклузија на децата Роми, како и потребите за градење на капацитети на граѓанските организации кои работат во оваа област.
На фокус групите учествуваа претставници на локални граѓански организации кои работат во полето на социјална инклузија на ромската популација, наставници и директори на основни училишта, претставници од Центрите за социјална работа и локалните институции во областа на образованието, како и родители Роми. Отворениот пристап на учесниците и волјата за споделување на своето мислење и перспектива придонесе до креирање на плодна дискусија, збогатена со примери од секојдневието и реални пречки за образовната инклузија со кои се соочуваат децата, институциите и останатите чинители.