Членство на Р. Македонија во интернационални организации и институции, како што се Обединетите нации и Совет на Европа, бара да се почитуваат обврските кои произлегиваат од меѓународното право. Државата ги има потпишано сите позначајни меѓународни конвенции и декларации кои што ги засегаат човековите права, вклучувајќи ги: Универзалната Декларација за човекови права; Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права; Меѓународениот пакт за граѓански и политички права; Европската конвенција за човекови права и основни слободи, итн.
Имплементацијата на меѓународните стандарди и домашната правна рамка постојано е следена и оценувана од бројни национални и меѓународни институции и организации. Како што е наведено во Извештај за напредокот од Европската комисија на Македонија за 2015 година, „правната рамка за заштита на човековите права генерално е во согласност со Европските стандарди. Но недостасува практично спроведување, особено во сферата на реформите во казнено – поправниот систем, интеграција на Ромите, правата на децата и лицата со попреченост“. Во делот од извештајот 2.4. „Човекови права и заштита на малцинствата“, Комисијата потенцира дека „различните тела вклучени во заштита и промоција на човековите права имаат недостаток на персонал и финансиски ресурси како и недостик на соодветна координираност. Општи слабости во имплементацијата на стандардите за човекови права влијаат врз најранливите и маргинализирани групи во општеството, вклучувајќи ги децата и малолетниците, лицата со посебни потреби, Ромите и ЛГБТИ заедницата“.
Главни и итни предизвици со кои државата се соочува од аспект на заштита на човековите права се следните:
- Недостиг на адекватна имплементација на постоечката правна рамка
- Недостиг на координација помеѓу одговорните институции
- Недостиг на специјализирани човечки ресурси (особено професионалци), како и финансиски средства
- Потреба од дополнителни реформи
- Потреба од подигнување на свеста на пошироката јавност
КМОП има богато искуство во унапредувањето на човековите права на сите нивоа, така што активно може да придонесе во решавањето на горе наведените предизвици преку креирање на политики,на институционален и оперативен аспект, обезбедувајќи поддршка на јавните институции, невладините организации и меѓународните агенции на бројни теми, вклучувајќи: подигнување на свеста за одреден феномен, како темите за трговија со луѓе; акции за обезбедување развој на капацитетите на јавните службеници, давателите на услуги и НВО професионалците; поддршка на донесување одлуки базирани на докази за да се формулира соодветна стратегија за /одговор и интервенции; воведување на правни реформи и операционализација на постоечката регулаторна рамка; и креирање и оптимизирање на националните механизми за упатување и оперативни процедури. Експертизата на КМОП вклучува справување со различни феномени и стереотипи кои водат до прекршување на човековите права, исто така специјализирана е во активности против трговија со луѓе, за што организацијата има имплементирано голем број проекти во рамките на Европската Унија но и во земјите во развој.
За повеќе информации во врска со релевантните проекти ве молиме кликнете овде