Од 1991 година, Република Македонија поминува низ тежок период на транзиција од планирана во пазарна економија. Овој процес резултираше со високи стапки на невработеност и зголемена стапка на сиромаштија. И покрај значајниот напредок во макроекономската стабилизација и во процесот на приватизација, креирањето на нови работни места беше незначително.
Невработеноста во Македонија е една од најзначајните и најтешките економски, социјални и политички проблеми. Според податоците од Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во Македонија се намалила на 22,9% во првата четвртина од 2017 година од 24,5% споредено со истиот период минатата година. И покрај високата стапка на невработеност која постои во целата држава, има значителни разлики по региони. Најниска стапка на невработеност е видлива во јужните и-источните региони, каде што главно има земјоделски и туристички дејности, додека во регионите со концентрирано индустриско производство има висок процент на невработеност. Загрижувачки е фактот што има висок процент на невработеност помеѓу младата популација од 15-24 години - 44,4% во првата половина на 2017 година. Нема голема разлика помеѓу невработеноста кај мажите (23,2%) и жените (22,5%).
Врз основа на ова, главните предизвици – критични поблеми кои треба да се решат се следниве:
- Висока стапка на невработеност на младата популација (44%до 24 годишна возраст)
 - Повисока невработеност на маргинализираните групи
 - Неефикасни активни мерки на пазарот на труд
 - Недостаток на меки вештини
 - Недостаток на претприемачки вештини
 - Висока стапка на долгорочно невработени лица
 - Недостаток на програми за подобрување на вештините за работа
 
Во однос на овие предизвици, КМОП може да пренесе богато искуство во креирање и имплементирање на активни мерки за вработување, вклучувајќи: проценка на работната сила за да се осигура дека невработените се обучени со потребните вештини кои ги задоволуваат барањата на пазарот; градење на основни и технички вештини; стручно образование и обука; советување и градење на животни вештини; услуги за поддршка на бизниси и промоција на социјална економија и претприемништво. Искуството и експертизата на КМОП е поспецифична кога станува збор за специјално креирани/прилагодени програми насочени кон промовирање на (ре)интеграција на социјално ранливите групи на пазарот на труд, не само во Грција туку и во странство.
За повеќе информации во врска со релевантните проекти ве молиме кликнете овде
										
										

















						Во рамките на проектот „Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд“, во текот на месец јули 2017 се одржаа три еднодневни семинари на кои присуствуваа повеќе од 90 претставници на јавни институции, граѓански организации, работодавачи
						Подружницата на КМОП во Скопје денес го прославува својот прв роденден, со оглед на тоа дека помина една година од официјалната регистрација!
						
						КМОП неодамна доби нов проект финансиран од ЕУ во Македонија, насловен „Градење посилни локални мрежи за унапредување на правата на децата Роми“. Овој тригодишен проект ќе биде имплементиран во соработка со Ромскиот Ресурсен Центар (МК).